fbpx

Бактерија стафилокока ауреус во макароните – причина за труење на работниците во „Леар“

-

Бактерија стафилокока ауреус била откриена во макароните што биле послужени за вечера на вработените во фабриката „Леар“, кои беа затруени и хоспитализирани во петокот, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Објектите за подготовка и за послужување на храната (кујната и мензата) се затворени, поднесена е прекршочна пријава против операторот со храна, а најверојатно ќе биде поднесена и кривична пријава.

„Со испитувањата на земените мостри, утврдено е присуство на бактеријата стафилокока ауреус во макароните кои биле послужени за вечера, а констатирано е присуство на истата бактерија и кај готвачот и кај лицето што ја послужувало храната, како и во дел од брисевите земени од работните површини во кујната каде храната се подготвувала“, се вели во соопштението на АХВ.

Од страна на инспекциските служби наредени се мерки за отстранување на констатираните недоследности со вонредната контрола која ја спроведоа тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство, санитарната инспекција и Центарот за јавно здравје во присуство на јавен обвинител.

Објектите за подготовка и за послужување на храна ќе бидат повторно отворени по спроведувањето на наредените мерки и по извршените повторни лабораториски испитувања на земени мостри од брисевите од работните површини, со кои ќе се потврди безбедноста.

„Операторот со храна задолжително ќе мора да се регистрира, бидејќи со контролите е констатирано дека ниту тој ниту мензата каде храната се послужувала не се евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство. Лицата кои ќе бидат ангажирани во подготовката и во послужувањето на храна ќе мора да бидат здрави, да имаат валидни здравствени книшки и помината обука за работа со храна.  Задолжителна мерка која ќе мора да се спроведе пред да се почне со работа во кујната и во мензата е и вршењето на дезинсекција, дератизација и дезинфекција“, се додава во соопштението на АХВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...