fbpx

Бакрачески: Победивме со 8.000 гласа разлика во услови на секојдневни закани

-

Лидерот на СДСМ и на опозицијата, Зоран Заев, синоќа, на трибина во Охрид, кажа дека бомбата која ќе ja активира СДСМ ќе предизвика силна експлозија бидејќи изборите што се организираа во 2013 и во 2014 година се криминални, а тоа се однесува и на Охрид.

– Овде сум пред охриѓани и сакам да знаат дека она што се случи 2013 – 2014 не е пораз, туку кражба која, кога ќе ја обелодениме, ќе знаете дека не изгубивте, но кога ќе слушне Бакрачески како победил, не знам како ќе додржи да остане на својата позиција. Криминални беа изборите во 2013 и во 2014 година – рече Заев.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, реагираше со објава на својот фејсбук-профил:

– Мошне добро знам како победивме на локалните избори 2013 година во Охрид со нешто помалку од 8.000 разлика. Единствено нешто што не знам е колкава ќе беше разликата доколку тогашната локална администрација не беше изложена на секојдневни закани, уцени, заплашувања и малтретирања (за што секојдневно слушам нови сведоштва на вработените) од страна на локалното раководство на СДСМ цели три месеци пред избори на т.н. отпорашки протести ?! – напиша Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...