fbpx

Бакојани: Каменос два пати прифати сложено име со географска одреденица

-

Поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани на својот „Твитер“ профил напиша дека грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, два пати прифатил сложено име со географска одредница за спорот за името.

Бакојани напиша дека Каменос прифатил сложено име со географска одредница за спорот за името во времето на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година.

„Каменос два пати за време на владеењето на Караманлис гласаше за сложено име, со географска одредница, ерга омнес, што беше национална позиција, прифатена од сите, освен од Лаос, со која заминавме на Самитот во Букурешт“, напиша Бакојани на „Твитер“.

Каменос, вчера, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...