!Пристапот кон Мета.мк е слободен, без регистрација, за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести.
Пренесувањето и преземањето на содржините од Мета.мк е бесплатно во промотивниот период, но со задолжително атрибуирање и линкување.

Бајден и Ципрас разговараа за спорот за името


       
Давос, 20 јануари, 2016 - 16:58 (META) 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во Давос разговараа за спорот за името. На денешната средба на двајцата политичари кои присуствуваат на Светскиот економски форум, било истакнато дека и Грција и САД им даваат голема важност на преговорите за името во рамки на Обединетите нации (ОН), под палката на посредникот Метју Нимиц.

Во разговорите за грчко-македонскиот спор, Бајден и Ципрас забележале дека е неопходно изборите во Македонија да придонесат за обезбедување на стабилноста на државата, но и за креирање поволна клима за заеднички-прифатливо решение за името, кое би ѝ помогнало на Македонија за нејзината европска перспектива.

Бајден и Ципрас разговарале и за грчката програма за штедење, бегалската криза, развивање на грчко-американската соработка, потенцијални американски инвестиции, енергетските прашања и кипарското прашање.

Средбата на грчкиот премиер со американскиот потпретседател доаѓа само една недела по состанокот на Бајден и на Никола Груевски, минатата недела во Вашингтон. Експремиерот Груевски се сретна со Бајден само неколку дена пред да поднесе оставка.