fbpx

„Б“ како Буџет 2016 или како „Бушава азбука“

-

Денеска е во тек петтата расправа за дополнителниот предлог-буџет во Собранието, при што се очекува тој, најдоцна до полноќ, да биде изгласан.

И покрај тоа што се носи најважниот стратегиски документ од кој зависи остварувањето на економските политики, планираниот проектиран економски пораст, како тема на дискусија меѓу пратениците се најдоа и Итар Пејо, Ченто и „Бушава азбука“.

Пратениците од владејачката партија се задржаа на тоа што оваа Влада направила, а Софија Куновска од редовите на СДСМ ги потсети дека тема е предлог-буџетот за 2016 година.

Таа истакна дека е јасно зошто пратениците не сакаат да дискутираат за буџетот за следната година, бидејќи со него се задолжуваме за 1,25 милијарда евра, пари кои, според Куновска, не се заработени, а ќе се потрошат на субвенции и на граѓани што седат дома.

– Буџетот за 2016 година е за живеење на кредит. Оваа влада не може да функцинира без да се задолжи. Немате чувство за одговорно трошење на парите заради тоа што, наместо 2 милиони евра за забетонирани бродови во Вардар, ќе ги потрошевте за изградба на депонијата во Тетово. Правите булевари без тротоари, па животите на обичните луѓе ви се не повеќе вредни од инсектите на ветробраните од автомобилите – порача Куновска од собраниската говорница.

На ова, пратеничката на власта Благородна Бојаџиева одговори дека не може да се очекува економско познавање од човек на кој „врв во кариерата во културата“ му била „Бушава азбука“.

Расправата за буџетот ќе продолжи по 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...