fbpx

Азески: Треба уште многу работа за да се остварат планираните економски проекции

-

Стари патишта, лоша инфраструктура без железничко поврзување и гасоводна мрежа која е едвај пет проценти искористена во просек, таква е сликата на Коридорот 8 на влезот од Бугарија кај Деве Баир, констатираше денеска претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески при работната посета на главната мерна станица на гасоводот на ГА-МА на влезната точка во месноста Жидилово, кај Крива Паланка.

Тој додаде дека инвестициите долж Коридорот 8, што ги поврзува Турција, Бугарија, Македонија и Албанија, треба да бидат едни од најприоритетните. Во вкупната патна инфраструктура на Коридорот 8 од вкупно 960 километри патна мрежа, низ Македонија поминуваат околу 315 километри.

„Имајќи го предвид фактот дека од планираните инвестициони активности на Владата за 2018 година, во  вкупна вредност од 268 милиони евра, дел се предвидени за изградба на експресен пат на Ранковце-Крива Паланка, а патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, во план е да се гради со кредит од Европска банка за обнова и развој, како Комора сметаме дека државните институции треба активно да работат на целосно исполнување и реализирање на планот“, потенцира претседателот Азески.

Магистралниот гасовод влегува во Македонија кај Деве Баир на границата со Бугарија и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје, во должина од 98,197 километри, разводна гасоводна мрежа.

„Преносниот гасоводен систем е проектиран за физички капацитет од 800 милиони нормални метри кубни природен гас годишно. Засега, со користење на само 5 отсто од капацитетот овој енергенс, иако економски најисплатлив, во Македонија сè уште претставува голем финансиски трошок за компаниите. Потребно е да се бараат алтернативни решенија и да се овозможи гасот да влегува и од други места, на пример, преку Грција“, посочи Азески.

Согласно состојбата констатирана на терен, Азески изјави дека преку својот претставник во Владата во следниот период активно ќе лобираат да се реализираат капиталните инвестиции, да се исполни планот на Владата за период 2017 – 2021 година, да се изградат експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и автопатот Крива Паланка – Деве Баир кој е всушност и најфрекфентниот пат кон Бугарија.

„Бизнис секторот презема вакви чекори, бидејќи искуството на стопанството покажува дека се потребни и повеќе од 3 години за да се реализираат инвестициските активности кои се испорачуваат до Владата. Сепак, актуелните чекори што ги презема Владата на економски план се во еден дел усогласени со барањата на бинзис-секторот, преку планот за економски раст. Но на терен реализацијата на капиталните инвестици, процентот на раст на домашниот бруто-производ и останатите макроекономски показатели покажуваат дека треба уште многу да се работи за оставрување на планираните проекции“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...