fbpx

Азески: Членството во НАТО и ЕУ ќе придонесе за позитивни економски резултати

-

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на трибина во организација на Стопанската Комора на Македонија (СКМ) на која заедно со претседателот на комората, Бранко Азески разговараа за перспективите на македонската економија од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО.

– Крајно време е после 27 години независност да ја ставиме Македонија на една брза трака или брз мотор, со лидерството заедно со стопанството кон членство во ЕУ и НАТО што ќе придонесе нашата земја да биде прикладно место за живеење – рече Заев.

Азески порача дека бизнис-заедницата застанува цврсто зад напредните процеси кои се очекува да резултираат со полноправно членство на земјата во ЕУ и НАТО што ќе резултира со забрзување на економските процеси на раст и развој.

Тој додаде дека со членството на земјата во НАТО ќе се отвори можност за пласман на македонските производи и услуги за потребите на НАТО Алијансата којашто добавува 32 милиони производи од 16 милиони добавувачи.

– Една од придобивките не е само што НАТО ни ја гарантира безбедноста, мирот и стабилноста кои што се најважни предуслови за бизнисот. Има и една друга убава придобивка овде, имаме право како членка да партиципираме во набавките што НАТО ги прави. Тоа ни следува со членството. Лично разговарав со генералниот секретар, бројките се многу убави и тоа отвора трговска можност на многу домашни компании да влезат и да заработат и профитираат. Тоа се стотици милиони евра можности кои се отвораат за нашите компании – додаде Заев.

Според владини проценки и анализи, најавата за членство во НАТО и ЕУ придонесе кон постигнување на позитивни економски резултати, односно домашниот бруто-производ (БДП) ќе бележи пораст во вториот квартал помеѓу 2,5 проценти и 4 проценти.

Премиерот додаде дека индустриското производство до јули е зголемено за 5,5 проценти во однос на истиот период лани, извозот е зголемен за 14,5 процент, а приходите од даноците се зголемени од осум до 10 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...