fbpx

Автомобил се заби во скеле од зграда во центарот на Скопје

-

Возач со својот автомобил синоќа се забил во скелињата на зграда чија фасада се уредува на булеварот Димитрие Чуповски во центарот на Скопје.

Според вработени во дуќаните кои се наоѓаат во непосредна близина на местото на ударот, возачот наводно изгубил контрола кога движејќи се по улицата му излегле кучиња. Тие велат дека ударот бил многу силен.

– Колегите што ноќеска беа на смена најпрво слушнале лаење на кучиња, а потоа и многу силен удар – ни изјави вработена во пекарница.

Таа вели дека возачот наводно не бил сериозно повреден, но кога излегол од возилото имал крв на себе.

Засега нема официјална информација од полицијата за настанот, ниту во каква состојба е возачот на автомобилот марка „шкода“.

Работниците го расчистуваат местото на сообраќајката, а таму се уште се наоѓа автомобилот. Сообраќајот во овој дел од градот се одвива забавено со помали задржувања на автомобилите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...