!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Австралискиот премиер Турнбул поддржува истополови бракови


       
Сиднеј, 10 септември, 2017 - 16:53 (META) 

Австралискиот премиер Малколм Турнбул ја поддржа кампањата за признавање на истополовите бракови, иако досега беше молчалив по тоа прашање. Сепак, тој денеска се изјасни за промена на законот за брак и за прифаќање на истополовите бракови, предизвикувајќи големо изненадување во јавноста.

Во Сиднеј денеска се одржа голем митинг за поддршка на истополовите бракови, на кој учествуваа повеќе од 20.000 луѓе. На собирот неочекувано се појави и премиерот Турнбул, кој притоа се изјасни за промена на постојниот закон за брак.

Малколм Турнбул претходно изјавуваше дека лично тој е за прифаќање на хомосексуалните бракови, но дека јавното изјаснување во прилог на почнатата кампања „не одговара на неговата политичка позиција“.

Во светот досега само 23 држави ги имаат изменето своите закони за брак и го прифаќаат истополовиот брак.