fbpx

Аврамопулос: Бегалците не смееме да ги оставиме надвор, на студено и без покрив над глава

-

Европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска од Лезбос испрати порака дека неопходно е веднаш да се најде решение за ситуацијата со бегалците во Грција поради лошите временски услови.

– Недозволиво е бегалците да бидат оставени надвор, на студено време, да преживуваат низ најлошиот зимски период без покрив над глава. Треба да се најде решение денеска, не утре, не следната недела, туку сега – изјави Аврамопулос за време на денешната посета во бегалските кампови на Лезбос, каде има повеќе од 5.000 бегалци.

Аврамопулос ја реафирмираше европската поддршка за Грција во насока на наоѓање решенија за бегалскиот проблем и за нова финансиска поддршка. Европскиот комесар истакна дека голем дел од финансиската помош што досега е одредена за Грција е доделена и на бројни странски организации и ги повика нив да ги зголемат напорите за да се овозможи итна помош на оние бегалци на островите на кои им е најважна во моментов. Аврамопулос побара и поголема помош од локалните власти и од населението, бидејќи без нивна помош нема да има вистинско решение.

– Во овој момент сите имаме обврска итно да одговориме на оваа хуманитарна ситуација – истакна Аврамопулос.

Европскиот комесар доаѓа во особено критичен момент, бидејќи илјадници бегалци на Лезбос живеат во особено тешки услови поради снегот на островот, во тенки шатори без греење и без соодветна облека. Обидот на грчката влада да смести околу 1.000 бегалци на брод на Лезбос за да им понуди подобри услови беше неуспешен, бидејќи бегалците се плашат дека доколку се преселат на бродот може да бидат префрлени без нивна согласност на друго место.

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, кој го придружува Аврамопулос, неделава во говор во грчкото собрание посочи дека владата продолжува со напорите да обезбеди што е можно подобри услови за бегалците. Изрази жалење што околу 2.000 бегалци од островите се соочуваат со сурови услови и владата не успеала да ги премести во подобри центри или сместувачки капацитети, но посочи дека успеале да сместат околу 50.000 луѓе на суво и на топло за да не мора да се соочуваат со последиците од лошите временски услови во земјата.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...