fbpx

АВМУ почнува со следење на медиумското покривање на локалните избори

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денеска почнува со надзор на известувањето на радиодифузерите за локалните избори 2017 година, соопштија од АВМУ, наведувајќи дека следењето на медиумското покривање ќе се врши во согласност со Изборниот законик.

„До сите радиодифузери веќе е испратен допис во кој прецизно се информираат за обврските од Изборниот законик на кои треба да се придржуваат до почнувањето на изборната кампања, а ќе се одржат и посебни обуки. За начинот на известување на радиодифузерите, Агенцијата ќе објавува извештаи за секои 10 дена“, стои во соопштението.

Од АВМУ информираат дека методологијата за надзор и Изборниот законик веќе се поставени веб-страницата на Агенцијата, но и дека сите информации поврзани со локалните избори ќе бидат објавувани оваа страница.

Во соопштението се наведува дека радиодифузерите што ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампањата треба во рок од пет дена од распишување на изборите да ги утврдат и да ги достават ценовниците до АВМУ, до Државната изборна комисија, до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...