fbpx

АВМУ констатираше говор на омраза и дискриминација на Албанците на „Сител“

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатирала дека „Сител“ шири говор на омраза и поттикнува дискриминација против Албанците во Македонија, информираше Здружението на новинари на Македонија.

Ваквата појава АВМУ ја утврдила преку вонреден надзор спроведен во текот на изборната кампања од втори до петти декември 2016 година, кога на „Сител“ во изданијата на дневниците во 19 и во 23 часот биле објавени серија прилози и уреднички коментари посветени за двојазичност и на кантонизација на Македонија.

Во извештајот, Агенцијата заклучува дека во тврдењата на „Сител“ за време на изборна кампања постои говор на омраза за да се постигне одредена политичка цел преку дискриминација, еднострани информации и заплашување на јавноста. Според Агенцијата, телевизијата ја изложила македонската јавност на убедување, наметнување мислење, манипулирање со информации и заплашување со губење на работни места, губење на државата, тензии и војни за да се предизвика чувство на загрозеност на Македонците и на другите заедници од Албанците, кои се претставени како непријатели“, информираат од ЗНМ.

Според информациите на ЗНМ, извештајот со наодите веќе е доставен до надлежното јавно обвинителство и Комисијата за превенција и заштита од дискриминација.

Здружението на новинарите на Македонија очекува Основното јавно обвинителство во Скопје и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација сериозно да ги разгледаат наводите на АВМУ и да донесат соодветна одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...