fbpx

АВМУ ја усвои методологијата за изборен надзор на медиумите

-

Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 29. седница, ја усвои методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, информирал дека не се прифатило барањето да се надгледува работата на интернет-порталите, бидејќи за тоа е потребно да се направат законски измени.

Според усвоената методологија за надзор, во времето што медиумите го посветуваат на власта, ќе влегува и времето што во вестите и во информативните емисии ќе се посветува на активностите на државните функционери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...