fbpx

Авионска безбедност: Прекарните работни договори на пилотите на тапет

-

Студија на универзитетот во Гент објавена само еден и пол месец пред падот на авионот на „Џерманвингс“ и презентирана од европското здружение на пилоти со седиште во Брисел, покажува загрижувачки трендови.

Според податоците објавени во студијата, вртоглаво се зголемува бројот на пилоти кои работат под прекарни преговори како што се договорите на дело и лажните договори на дело, со кои пилотите се пријавени како независни , а, всушност, се принудени да работат за една иста компанија која не им плаќа никакви социјални придонеси. Секој шести пилот во Европа е во прекарна состојба без загарантирана минимална плата. Половина од нив се платени на час.

Според истата студија, од вкупниот број на независни пилоти, 70 проценти работат за нискобуџетни компании, како што е „Џерманвингс“.

Младите пилоти се особено погодени од ваквата состојба, предупредува универзитетската студија. 40 проценти од пилотите помлади од 30 години со големи тешкотии наоѓаат работа, а кога ќе најдат, речиси половина од нив летаат без да бидат вработени во компанијата.

Поради ова, младите пилоти се често доведени до шеми наречени „пеј то флај“ или „плати за да леташ“, во кои тие им плаќаат на авиокомпаниите за да можат да управуваат со летало.

„Поради ова може да се случи пилот да не пријави технички проблем од страв дека ќе му биде одбиено летањето“, предупредува Џон Хорн од здружението на европски пилоти.

Влошените услови за работа на пилотите, под притисок на нискобуџетните компании го уриваат митот на пилотската работа како привилегирана и високо платена.

Анонимни сведочења на вработени во компаниите, исто така, раскажуваат за случаи со пилоти под огромен притисок да летаат со минимално ниво на гориво, па дури и болни, пишува во студијата.

Универзитетот открива и дека пилоти биле бркани од работа или под постојани закани од работодавците кога одбиле некој лет. Пилоти летале, иако биле многу болни, од страв дека нема да ги одработат потребните часови за да добијат минимална плата.

Оваа ситуација, смета здружението на европски пилоти, има сериозни импликации за безбедноста на патниците и на екипажот. Здружението бара од европските власти да го промени законодавството и правилата во пазарот на трудот за да не може повеќе да има нелојална конкуренција и да обезбеди достојни работни услови за пилотите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...