fbpx

Авганистан не планира продолжување на преговорите со талибанците

-

Авганистан, Пакистан, Кина и САД не планираат да ги продолжат мировните преговори со талибанците откако претходните состаноци не дадоа резултати, соопштија авганистанските претставници.

Портпаролот на авганистанскиот претседател, Ашраф Гани, рече дека не постои план за заживување на мировниот процес, кој тежнееше да ги доведе талибанските лидери на преговарачка маса.

Претставниците нагласуваат дека нов состанок не е закажан.

Група претставници на четирите земји се состанаа пет пати од јануари во Кабул и во Пакистан. Во мировните преговори не учествуваа талибанците кои добија покана да учествуваат на заедничките состаноци.

Авганистанските претставници го обвинуваат Пакистан дека го крие лидерот на талибанците, додека Исламабад ги отфрла обвинувањата. Тие наведуваат дека Авганистан е на удар на „терористичките групи кои дејствуваат и имаат упориште во Пакистан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...