fbpx

Атина задоволна од договорот во Брисел

-

Грчката влада го посочи договорот во Брисел како нејзин успех, победа и конечно задоволување на граѓанските барања и потреби. Владата на Алексис Ципрас е задоволна по договорот во Брисел, истакнувајќи дека на вонредниот состанок на Еврогрупата успеала да издвојува победа и да го оствари она што било зацртано без да се повлече од црвените линии.

„Грција денеска сврти нова страница. Преговорите значат да се бориш без да отстапиш од она што ти го има наредено народот. Се покажа дека сиве овие години можело да се преговара за долгот, дека Грција ниту е изолирана, ниту оди кон пропаст, ниту продолжува со меморандумот за штедење“, информираа од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас откако се објави дека е постигнат договор во Брисел.

Со новиот договор, грчката влада оценува дека пропаднал обидот да се изврши притисок и владата да се вклешти во стапица и верува дека четирите месеци продолжување ќе ѝ дадат на Грција време за да се продолжат преговорите со европските партнери. „Уценувањето од последните 24 часа пропадна. Барањето за продолжување на договорот за заем беше прифатен и ќе биде основа за следните одлуки и развој на настани“, велат од премиерскиот кабинет. Оттаму истакнуваат дека ќе има измена на сите мерки за штедење кои ги договориле претходните влади за намалување на пензии, зголемување на даноци и слично.

Следните чекори од грчка страна се предлози за нови, конструктивни реформи за справување со даночното затајување, корупцијата, подобрување на јавната администација и за справување со хуманитарната криза и со финансиските проблеми на граѓаните. Владата најави дека ќе продолжи да преговара, имајќи ги предвид барањата и црвените линии на граѓаните, со надеж дека ќе се постигне договор до крајот на летото.
М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...