fbpx

Атина и Брисел оптимисти за договор во текот на август

-

Грчката влада очекува до крајот на денот да го затвори првиот круг преговори со „тројката“ и со кредиторите и со тоа да се приближи кон потенцијален договор до крајот на август. Во редовите на грчката влада постои оптимизам дека до 18, односно до 20 август може да се затворат сите отворени прашања, како што се новиот фонд за приватизација, задоцнетите неисплатени заеми, примарниот суфицит, годинешната рецесија за Грција и прашањата околу реформите за предвременото пензионирање, и со тоа да се добие зелено светло за исплаќање на првиот дел од новиот грчки кредит.

Министерот за финансии, Евклидис Цакалотос, со доза оптимизам посочи дека преговорите одат дури и подобро од очекуваното и реално можно е да се очекува заеднички договор за кратко време. Грчката страна се надева да се надминат отворените прашања за директно да се оди на целосен заем, а не преоден и привремен заем кој ќе значи дополнително одолжување на преговорите. Оптимизам доаѓа и од Брисел, каде претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, изјави дека сите пораки укажуваат на тоа дека до 20 август може да се очекува финален договор за новите мерки, реформи и за заем меѓу Брисел и Атина.

– Сите извештаи што ги добивам ми даваат слобода да мислам дека е можен договор во текот на месецот, по можност пред 20 август. Преговорите напредуваат во задоволителен ритам и според грчките власти и според Европската комисија – изјави Јункер.

Едно од големите прашања кои се дискутираат е начинот на кој ќе се реформира приватизацискиот фонд ТАИПЕД во многу посилна и понезависна институција, под чија закрила ќе бидат државен имот и компании чија продажба се очекува да донесе 50 милијарди евра за државата. Европските кредитори бараат фондот да биде целосно независен, односно раководен од ново лидерство составено, главно, од технократи, а не од партиски лица на владата, кои ќе ги застапат и другите политички партии во државата освен владејачката СИРИЗА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...