fbpx

Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

-

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година, што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, со кои се откри фалсификувањето на лековите и злоупотребите на власта за манипулирање на граѓаните со квалитетот и цената на лековите.

Втората награда за најдобра истражувачка сторија ја доби тимот новинари на БИРН објавени за истражувачката сторија „Странските инвестиции под лупа“ објавени на „Призма“.

Третата награда ја добија Петар Клинчарски за сторијата „Илјада преводи“ и Лиридона Вејсели за сторијата „Каде е штабот на џихадистите“.

МИМ и додели пофалница и на Славица Филиповска за сторијата „Колку време ни треба да го уништиме најстарото езеро во Европа“ исто така објавена во емисијата „360 степени“ на „Алсат“.

На годинешниот 17. конкурс на МИМ се пријавиле 38 автори од вкупно 60 стории обработени во 154 текстови – прилози објавени на интернет портали, телевизии, дневни весници и во неделници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...