fbpx

Артефакти од Македонија, дел од нелегална трговија со антиквитети во Грција

-

Поранешен музејски конзерватор од археолошкиот музеј во Пиериа, Грција, бил вмешан во нелегална трговија со антиквитети, дел од кои потекнувале од Македонија. Поранешниот конзерватор и неговите двајца соработници во нелегалната трговија беа осудени од второстепниот кривичен суд во Солун на затворска казна од 36 до 40 месеци за кривичното дело.

Кoнзерваторот и соработниците биле уапсени додека се подготвувале за нова акција за продажба на скулптури на Артемида и на Дионис. Тројцата се обвинети за продажба на околу 90 артефакти, главно помали предмети и накит, кои важат како дел од колекцијата македонска бронза.

Еден од соработниците на конзерваторот преговарал за продажба на артефакти од Македонија пренесени во Грција, а пред судијата изјавил дека оној кој го снабдувал со нив, го притискал да ги промовира и да ги продаде.

Кај тројцата биле пронајдени голем број артефакти, мермерни глави од скулптури, стар златен накит, аретефакти од македонската династија и ред други работи.

Од непроценливо богатство се смета дека се предметите од колекцијата македонска бронза, кои според археолозите кои ги проучувале запленетите објекти, многу ретко може да се најдат во толкав број на едно место.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...