fbpx

Арсовска: Бизнис-секторот во Македонија се соочува со голема неизвесност

-

„Бизнис-секторот во Македонија се соочува со голема неизвесност поради внатрешни и надворешни фактори“, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, на обраќањето на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул.

Таа како фактори ги посочи тешкотиите на економиите во регионот и влијанието на рецесијата во соседните земји, но пред сè мигрантската криза и бранот бегалци кои пристигаат на нашата јужна граница.

„Сведоци сме на перманентна криза и на огромни промени кои се случуваат на глобално ниво. Оваа состојба влијае не само на нашата економијата, туку и на сите европски држави по Коридорот 10, преку кризата предизвикана од блокади во патниот и во железничкиот сообраќај, а секако длабоко ги погодува секторите енергетика, трговија како и транспортната индустрија. Во вакви услови, бизнис-секторот меѓународно се воздржува од инвестиции и од развој и не ги вложува ресурсите за реализација на планираните проектните активности, што креира дополнителни долгорочни проблеми“, изјави Арсовска во своето обраќање.

Таа посочи дека потребно е да се движиме напред преку развиена економија во услови на здрава животната средина и преку поголемо искористување на модерната технологија во сите сегменти на животот.

На форумот во Истанбул присуствуваат претседатели на држави и на влади, како и истакнати високи владини претставници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...