fbpx

Арнаудовска го обвини Советот за реформи во правосудството дека работи нетранспарентно

-

Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно, изјави денеска за медиумите директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска пред почетокот на дводневната Меѓународна работилница за стандардите на Европската Унија за обука на судии и јавни обвинители што се одржува во Скопје.

Таа изјави дека во Нацрт-стратегијата за реформи во судството Академијата воопшто не била вклучена и покрај, како што рече, пораките од новата Влада дека ќе биде транспаретна.

Арнаудовска посочи дека во Нацрт-стратегијата било предвидено дека одреден процент од судиите ќе бидат избрани со незавршена Академија, што, како што рече, не било прифатено во извештајот на експертската група на Рајнхард прибе од 14 септември, оваа година.

– Иако во Нацртот на стратегијата се почна со еден многу дискредитирачки вокабулар за Академијата дека произведува неспособни кадри, дека има незадоволителни резултат во работењето…по нашите забелешки до Европската комисија овој вокабулар беше отстранет – рече Арнаудовска.

Сепак, според неа останува сомнението што ќе биде со изборот на судиите и дали ќе остане процентот што бил заговаран во Стратегијата за реформи, бидејќи, како што рече, минатата недела на состанок на Академиите во Брисел претставник од Министерство за правда изјавил дека се подготвуваат измени во Законот за судови и дека процентот за избор на судии со завршена Академија и на судии надвор од Академијата ќе биде 60 према 40.

Арнаудовска изрази незадоволство и поради тоа што Академијата за судии и јавни обвинители, како и никој од органите на оваа институција, не е вкучен, ниту пак е консултиран за имените за законот за Академијата што се подготвуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...