fbpx

Армадило + армада = армадила, си измисли математички прецизниот Мицкоски

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 05.12.2018 на протестот пред Владата, упатувајќи критики кон власта го кажа и следното:

Ќе сретнете армадила на гласноговорници кои што се скапо платени со жолтици народни пари. Кои што ќе ве убедуваат дека црното не било црно туку било бело…

„Вистиномер.мк“ пишува дека овој збор, којшто Мицковски го употребува многу често во своите настапи, не означува ама баш ништо.

Сите се сеќаваме како Заев и таа армадила неспособници околу него така силно ги напаѓаа странските инвестиции.  (08.06.2018)

Со скромни средства се бори против цела една армадила на власт која гледа на секој начин да одмогне. (15.07.2018)

На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, (12.09.2018)

Нема време за чекање, овој пат неспособноста на Заев, Шилегов и останатата армадила политичари на власт, граѓаните ги чини живот. (05.11.2018)

Инаку, армадило е животно, оклопен цицач, кој живее главно во тропските и суптропските предели на Централна и Јужна Америка (Енциклопедија БританикаВикипедија).

Мицковски, споменатиот  термин го користи секогаш во негативен контекст (на пример вели: армадила неспособници, медиумската армадила…), и  можеби мисли на „армада“ , но тоа е нешто сосема друго.

Терминот „армада“  во речникот е опишан како  именка од женски род која означува Голема воздушна или морска воена флота(Дигитален речник на македонски јазик)

Така што, овој често употребуван збор на Мицковски, „армадила“, нема никакво значење, а со оглед на неговата сличност со зборови кои имаат значење во македонскиот јазик, делува и некако смешно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...