fbpx

АРМ учествува во гаснењето на пожарот, Владата апелира да не се шират дезинформации

-

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вечерва во изјава за медиумите, од името на Владата апелира до граѓаните да не шират непотврдени информации во врска со пожарите кои се активни.

Тој информираше дека двата хеликоптери на АРМ биле на располагање цело време и дека тие сè уште се ангажирани по барање на Дирекцијата за заштита и спасување и учествуваат во гаснење на пожарите во Требовље, а од денеска и во Брезница.

– Во текот на денешниот ден активирани се дополнително два пешадиски вода од четвртиот баталјон на АРМ од Кичево кои се веќе на терен. Таму се наоѓа и командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генералот Зоран Милевски. Вкупно има 60 офицери и војници на АРМ кои на терен се справуваат со гаснење на овие пожари – изјави Бошњаковски.

Портпаролот информираше дека на владината седница првата точка на дневен ред било тоа да се свика Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Одборот во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство, како и директорот на ДЗС, вечерва одржуваат координација на ова тело, а, според Бошњаковски, уште ноќва ќе преземат активности за ситуацијата да се стави целосно под контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...