fbpx

АРМ почнала со поставување жичена ограда и кај Меџитлија

-

Армијата на Република Македонија (АРМ) потврди дека вчера почнало подигнувањето на жичена ограда на македонско-грчката граница кај граничниот премин Меџитлија, во близината на Битола.

Одлуката за подигнување на оградата била донесена од Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза.

„Во текот на вчерашниот ден, врз основа на донесените заклучоци од Управувачкиот комитет, АРМ доби задача да ги спроведе потребните тактичко-технички мерки за поставување жичана ограда онаму каде ќе се оцени дека е потребно. Во случајов, во текот на вчерашниот ден, АРМ почна со поставување жичана ограда на граничниот премин Меџитлија, во согласност како и со поставувањето на ограда кај Гевгелија. Мерките ќе продолжат онолку колку што е потребно, односно според добиените насоки и задачи од Управувачки комитет. АРМ ги извршува само доделените задачи во однос на мерките на заштита“, вели во изјавата за „Телма“ портпаролот на АРМ, потполковник Тони Јаневски.

Претходно, на 28 ноември, беше поставена жичена ограда на македонско-грчката граница околу котата 59 кај Гевгелија, заради спречување на економските мигранти илегално да влегуваат во земјава и „насочување на протекот на бегалци кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...