fbpx

АРМ почна со поставувањето ограда кај котата 59 на границата со Грција

-

Армијата на Република Македонија (АРМ) утрово почнала со поставување жичена ограда од левата и од десната страна на кота 59 на македонско-грчката граница, потврди за „Мета“ портпаролот на АРМ, потполковник Тони Јаневски.

Одлуката за поставување на оградата, според информациите, била донесена утрово од владиното координативно тело за справување со мигрантската криза, а врз основа на заклучоците што беа донесени на состанокот на Советот за безбедност пред две недели.

Поставувањето на оградата е за да се спречат економските мигранти илегално да влегуваат во земјава и насочување на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација.

– Армијата на Република Македонија е задолжена да постави ограда, столбови и жица, како дел од тактичко-техничките активности за поставување соодветни пречки и насочување на мигрантите кон прифатниот пункт, врз основа на одлуката донесена од Советот за безбедност – изјави Јаневски за „Мета“.

Од АРМ најавија дека во текот на денот ќе испратат и официјално соопштение во врска со поставувањето на оградата.

Во меѓувреме од Владата соопштија дека одлуката за мерките што се преземаат на јужната граница, вклучително и поставувањето на оградата биле донесени на вчерашната седница на Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците.

„Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од националниот Совет за безбедност, и на јужната граница со Грција да се превземат сите техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман. Оваа одлука подразбира да се превземат сите мерки и чекори за да се обезбеди канализирање на протокот на бегалците, што вклучува и подигнување на заштитна ограда на границата“, велат од Владата.

Оттаму потенцираат дека „границата ќе остане отворена“ и ќе се пропуштаа сите бегалци кои се од регионите зафатени од воени конфликти.

„Македонија со ова помага на мигрантите, но и на Европа во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици“, додаваат од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...