fbpx

Арифи: Ќе се бара некое законско решение за распишување на локалните избори

-

Албанците не се проблем во земјава и платформата на Албанците е во рамки на Уставот и на законите. Ова е одговорот на потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, на новинарско прашање околу влошената политичка ситуација во Македонија, откако претседателот Ѓорге Иванов не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за составување влада.

Таа додаде дека ДУИ, како партија, останува на ставот Иванов да ја повлече одлуката за недоделување на мандатот, која, како што рече, е во линија на барања и на американскиот Стејт департмент и на Европската Унија.

– Иванов со одлуката да не го додели мандатот, ја вовлече државата во институционална криза. Ние, како ДУИ, се однесувавме со сериозна одговорност и кога пристапивме кон платформата и кон нејзините точки, кои, како што реков, а уште еднаш да потсетам, не се надвор од Уставот на Македонија ниту од тоа што значи Охридски рамковен договор. Ние размислуваме да дадеме придонес за надминување на оваа ситуација и сакаме да посочиме дека секоја тенденција на злоупотреба на фактот дека Албанците постојат во оваа држава и тие да се демаркираат како проблем во земјава, е погрешна и како таква нема да помогне за излез од кризата – вели Арифи.

Арифи изјави дека ќе се најде и некое законско решение за распишување на локалните избори.

– Ова е проблем на сите политички партии. Ќе се бара некое законско решение, имајќи го предвид фактот дека општинските власти имаат директни ингеренции кои се однесуваат на граѓаните и на функционирање на градовите, така што мислам дека ќе се најде еден заеднички интерес, ако се одложуваат, да не се одложуваат многу и се тоа да биде во рамки на законите – рече Арифи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...