fbpx

Арифи даде отчет за сработеното, но ги заборави најгорливите проблеми во градот

-

Успешна година со многу реализирани проекти. Вака градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прес-конференција ја оцени 2016 година. Според неа, општинската власт решила голем број проблеми во градот, вклучувајќи реконструкција на училишта, асфалтирање на улици, нови контејнери, засадување на дрвја. Таа се пофали дека за време на нејзиниот мандат е изградена последната траса од цевководот на новиот тетовски водовод.

– Во текот на двете изминати децении, сите бевме свесни дека водата претставува основна човекова потреба, но тоа што нè разликува нас од истомислениците во текот на изминатите години е фактот дека ние дејствуваме, чесно работевме, не придобивме на криминален начин од фондовите издвоени за довршување на водоводната мрежа, аплициравме со проект за филтер-станица во Европската банка за обнова и развој, го добивме грантот и сега се наоѓаме во завршна фаза од проектот. Со изградбата на филтер-станицата во 2017 година, конечно ќе заврши дводецениската битка за Тетово да има чиста вода за пиење во доволно количество, односно водата веќе нема да биде луксуз – рече Арифи.

Градоначалничката Арифи додаде дека Општина Тетово добила проект преку ИПА-програмата, за изградба на фекална канализација за отпадни води.

Во својот отчет Арифи не ги спомна најгорливите проблеми во градот, дивата депонија и сообраќајниот хаос кој се создава поради непробиените булевари во градот. Таа на новинарско прашање одговори дека се работи и на овие проблеми, но не презицираше кога ќе биде конечно исчистена дивата депонија и кога ќе се пробијат тесните сообраќајни грла.

Пред околу две години од Општина Тетово рекоа дека проблемот со водоснабдувањето во градот ќе се реши во октомври 2015 година. На денешната прес-конференција, градоначалничката Арифи, пак, вети дека Тетово ќе добие доволно вода за пиење, но дека тоа ќе се случи наредната година откако ќе се изгради филтер-станицата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...