fbpx

Арапската лига гласаше против преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим

-

Шефовите на дипломатија на земјите членки на Арапската лига синоќа усвои резолуција против преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Како што се наведува во резолуцијата усвоена во Каиро, „Арапската лига оценува дека секое преместување на амбасади или дипломатски мисии во Ерусалим претставува флагрантно кршење на правата на палестинскиот народ, како и на сите муслимани и христијани“.

Арапската лига има 22 членки, меѓу кои и Палестина, а резолуцијата е усвоена едногласно.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој вети преместување на амбасадата, не се споменува директно во документот.

Израел веќе долго време повикува на преселување на амбасадите, но не врши притисок поради противењето на меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...