fbpx

Арачиновец се обидел да прегази полицајци

-

Дваесет и четиригодишен жител на Арачиново, кој управувал комбе натоварено со огревни дрва, синоќа се обидел да и избега на полицијата во скопското село Кадино, а притоа и да ги прегази полициските службеници.

„Синоќа околу 19:45 часот во скопското село Кадино полициски службеници од Полициското одделение-Петровец се обиделе да сопрат возило комбе натоварено со огревни дрва и управувано од Г.М. (24) од село Арачиново, кој на даден знак „стоп“ не застанал и со голема брзина се движел кон село Марино“, се наведува во полицискиот билтен.

Околу 20:05 часот Г.М. бил сопрен на патот кон село Арачиново, во близина на поранешни складишта на живинарска фарма при што се обидел да удри во патничко службено возило на МВР на РМ, како и да ги прегази полициските службеници откако тие излегле од возилото.

На местото на настанот со патничко возило „голф“ дошле уште три лица кои се упатиле кон полициските службеници, при што едниот од нив од службениот пиштол испукал еден куршум во воздух заради заплашување, така што лицата избегале, а Г.М. бил лишен од слобода.

Полицајците околу 20:15 часот ги лишиле од слобода С.М. (23) кој го управувал патничкото возило „Голф“, како и Е.Е. (40), Г.М. (55), М.М. (24) сите од село Арачиново.

Лицата и возилата се предадени во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...