fbpx

Арабијките конечно ќе смеат да возат автомобил

-

Советодавното собрание на Саудиска Арабија, кое го именува кралот, ѝ предложи на владата да ја укине забраната со која на жените не им беше дозволено да управуваат со автомобил. Сепак, во препораката се нотирани услови со кои се сугерира ова олеснување да не важи за жени помлади од 30 години, да не возат по осум часот навечер и да не носат шминка.

Овој  предлог не значи и дека ќе се усвои, но претставува значаен пресврт бидејќи саудиските власти до неодамна упорно ги одбиваа сличните предлози.

Поради забраната, во изминатите години во Саудиска Арабија имаше неколку помали протести на жени кои ги возеле своите автомобили.

Според предлогот за укинување на забраната, стои дека жените постари од 30 години би можеле да возат, но со одобрение на машки старател. На жените би им било дозволено да возат од седум часот наутро до осум навечер, од сабота до среда, а попладне да возат до осум часот навечер во четврток и во петок, кој се смета за викенд во Саудиска Арабија.

Меѓу условите е жените-возачи да бидат конзервативно облечени и да не бидат нашминкани. Во градовите би можеле да возат и без старател, но возењето надвор од градот би подразбирало мажот да биде во автомобилот.

Советот Шура навел дека ќе мора да биде образувано „сообраќајно одделение за жени“ за жените да можат да излезат во пресрет на жените-возачи во случај да им се расипе автомобилот или да бидат нападнати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...