fbpx

АППТ: Туристите годинава потрошиле 64,7 милиони долари

-

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), соопшти дека туристите во Македонија во првиот квартал потрошиле 64,71 милиони американски долари што е повеќе за 26,5 проценти во споредба со истиот период лани.

„Една од активностите што ги реализира АППТ во насока на промоција на Македонија во странски земји, беше интензивирана и реализирана преку строго таргетирање на маркетинг кампања која се пласираше во таргет земјите. Македонија се најде во бројни објави на светски познати магазини и интернет страни, додека интересот на информативни патувања во Македонија континуирано е во пораст. Реализацијата на турите за новинари и тур-оператори кои имаат за цел да го претстават туристичкиот потенцијал на државава важат за дополнение на промоцијата на државава“, се вели во соопштението.

Од Агенцијата оценуваат дека придонесот за целокупниот пораст во туристичката индустрија се должи и на зголемувањето на бројот на летови од и до скопскиот и охридскиот аеродром, но и модернизација на патната инфраструктура во земјава.

„Земајќи го предвид досегашниот тренд на пораст, очекувањата до крајот на 2018 година е овој тренд да регистрира благ пораст поради зголемувањето на број на туристи кои ќе патуваат низ Македонија со автобуси или сопствени возила“, се додава во соопштението на АППТ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...