Компанијата „АВГ“, која се занимава со заштита на уредите од вируси, објави листа на најлоши мобилни апликации за батеријата на паметните телефони и за севкупната работа на уредот, а апликацијата „фејсбук“ е прогласена за најлоша.
„АВГ“ откри дека мобилната апликација на „Фејсбук“ најнегативно влијае на работата на паметниот телефон и оти е трет најголем виновник за трошење на батеријата и на интернетот.
Сепак, добра работа е што на мора да ја користите апликацијата „фејсбук“ за да уживате во сето тоа што социјалната мрежа го нуди на телефон. Наместо да се користи апликацијата, подобро е да се користи интернет-прегледувачот за да се „сурфа“ на социјалната мрежа. На тој начин се сочувува батеријата и интернетот, велат од компанијата.