fbpx

Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на Грујовски и на Бошковски

-

Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и на неговиот колега од УБК, Никола Бошковски, од Грција во Македонија, пишуваат грчките медиуми.

Грујовски и Бошковски, според истите извори, денеска треба да бидат изведени пред суд во Солун, во врска со употребата на лажните (бугарски) пасоши со кои се обиделе да отпатуваат од солунскиот аеродром.

Двајцата бегалци, по кои македонските власти имаат распишано потреница преку Интерпол, вчера биле изведени пред јавен обвинител во Солун, каде биле информирани за обвинувањата за кои се товарат од македонските правосудни органи.

Како што пренесува весникот „Та неа“, Грујовски и Бошковски ги отфрлиле обвинувата и навеле дека не сакаат да бидат екстрадирани во земјава бидејќи се плашат за своите животи и дека против нив се води политички прогон.

Според информацијата што вчера стигнала до Министерството за правда од Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун, Грујовски и Бошковски биле уапсени во средата, околу 15 часот, кога при пасошка контрола на аеродромот во Солун било утврдено дека имаат фалсификувани бугарски пасоши, а потоа и дека за нив е распишана меѓународна потерница од Интерпол по барање на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера добило известување од Интерпол – Атина за апсењето на Грујовски и Бошковски, кое веднаш било испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.

Грујовски и Бошковски веќе три месеци се во бегство за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, поради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...