fbpx

Апелација со признавањето на „бомбите“ го крши законот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

-

Апелацискиот суд не смее да донесува одлуки спротивни на законот, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на судот прислушуваните разговори да може да се користат како докази во судската постапка за случајот „Триста“ на СЈО.

„Апелацискиот суд, со одлуката со која ја уважува жалбата на СЈО за признавање на нелегално стекнатите разговори како доказ во кривична постапка, директно го крши членот 12 став 2 од Законот за кривична постапка, кој вели дека докази прибавени на нелегален начин не можат да бидат користени како доказ во постапка. Апелацискиот суд, како и сите други судови во државата и претставници на државниот апарат мора да работат во согласност со законот, и никако поинаку“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги предупредуваат сите функционери кои извршуваат јавна власт дека мора да работат согласно законот, а секое поинакво работење, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде санкционирано и сторителите на криминал ќе треба да се соочат со кривична одговорност „со враќањето на демократијата и правната држава во Македонија“.

„Граѓаните ја гледаат сета деструктивност и правен хаос во кој СДС ја втурнува државата, а казната за тоа ќе им ја испорачаат на претстојните локални избори на 15 октомври“, порачуваат од опозициската партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...