fbpx

Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

-

Жалбата за мерката на претпазливост која ѝ беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која беше денеска објавена на веб-страницата на судот.

Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е одземен и таа треба еднаш месечно да се јавува во суд.  Таа се пожали на мерките за претпазливост што и ги определи Основен суд Скопје 1 на барање на Специјалното јавно обвинителство, но Апелација не и ја прифати жалбата.

Во нејзината жалба беше образложено дека ѝ е потребен пасошот за службени патувања, но судот смета дека таа може да избега ако ѝ биде вратен.

Скопска Апелација ја одби и жалбата на Јован Боцевски и за него е потврдена првостепената одлука секој работен петок во месецот да се јавува во Основен суд Скопје, но дополнително е изречена забрана да одржува контакти со лицето Д.Т..

Идентично како за Боцевски е решено и по жалбите на Петар Милошевски, Новица Станковски, Метуш Шабани и на Филип Атанасов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...