!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Апелација одлучи две „бомби“ да бидат доказ за случајот „Титаник 2“


       
Скопје, 22 ноември, 2017 - 11:50 (META) 

Апелацискиот суд денеска соопшти дека две снимки од преслушуваните разговори кои беа јавно објавени ќе бидат доказ за предметот „Титаник 2“, во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранечните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петте судии на Управниот суд: Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Газмент Фејзули и Анета Џигерова.

Судиите од Апелацискиот суд по вчерашната седница одлучија да бидат прифатени како доказ двете снимки, од кои на едната се слуша како Мијалков и Тачи се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.

На вчерашната седница на Апелацискиот суд присуствуваа специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, но не и одбраната на обвинетите, која не се појави на јавната седница.

Следната недела Апелацискиот суд ќе одлучува дали бомбите ќе бидат доказен материјал за случаите „Титаник“ и „Тортура“.