fbpx

Апелација ќе решава за притворите на Чавков, Дурловски, Пепиќ и Лазаров за 27 април

-

Апелацискиот суд Скопје покрај жалбите на Мунир Пепиќ, од Агенцијата за разузнавање и на Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР, денеска на јавна седница ќе расправа и за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков и на поранешниот директор на Македонска опера и балет (МОБ), Игор Дурловски.

Четворицата се притворени поради насилствата во Собранието од 27 април и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција ги товари за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Адвокатите на Чавков поднеле жалба веднаш по одлуката на Кривичниот да му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Денешните јавните седници се закажни од 13 часот.

Во меѓувреме се очекуваат одлуките на второстепниот суд по вчерашните јавни седници на кои беа разгледувани жалбите на актерот Владо Јовановски, на Оливер Поповски од Шестата управа и на Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Претставникот на Вишото јавно обвинителство, обвинителот Јован Цветановски побара од тричлениот совет на Апелацискиот суд да му го укине притворот на Јовановски и да го замени со поблага мерка за обеабедување на присуство.

Неговите двајца колеги од Вишото јавно обвинителство за Поповски и за Ѓошевски побараа второстепениот суд да го потврди решението за продолжување на притворот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...