fbpx

Апелација ја потврди условната казна за Ивона Талеска за затајување данок

-

Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди условната затворска казна на Ивона Талеска, новинарка од телевизија „Сител“ за затајување данок во случајот на СЈО „Тифани“.

„Апелациониот суд во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И.Т. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С.Г. ДООЕЛ С“, соопшти Апелациониот суд.

Второстепениот суд ја преиначил само споредната, т.е. паричната казна за Талеска, во однос на валутата во која е изречена.

Пресудата ја донел судискиот совет со кој претседавал судијката Софија Лаличиќ во февруари. Талеска, откако ја призна вината дека затајувала данок, беше осудена на две години условна затворска казна, според која во наредните 4 години не треба да направи ново кривично дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...