fbpx

Апелација го врати случајот за малиот Алмир на повторно судење

-

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката.

– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.

Според законските одредби, објаснува адвокатот Алиспахиќ, определениот притвор за првообвинетиот, Бобан Илиќ, во моментот кога е укинат случајот, се укинува и притворот за истиот, што значи дека Илиќ ќе се брани во слобода, но ќе има мерки за претпазливост.

Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.

Првично, Илиќ се гонеше за убиство со умисла, но истото потоа беше преквалификувано од страна на обвинителството, и го гонеа за кривичното дело „тешки кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Во јавноста имаше жестоки реакции, беа организирани масовни протести од страна на граѓаните кои го осудија чинот на обвинителството, поради преквалификација на предметот.

Во текот на судењето имаше реакции во врска со фактот дека во текот на постапката биле направени пропусти, за докази се земени невропсихијатриски вештачење на експерти со лиценци со истекнат рок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...