fbpx

Апелација го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство

-

Апелацискиот суд Скопје попладнево соопшти дека решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое му беше одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е потврдено „по однос на околноста опасност од бегство“.

Како што информираат од судот, по вчерашната јавна седница, Кривичниот совет на Апелацискиот суд денеска донел решение со кое делумно ја уважил жалбата на Кочан, поднесена преку неговиот адвокат Никола Додевски. Второстепениот суд оценил дека останатите причини поради кои му е одреден притвор на Кочан, односно дека ќе влијае на истрагата и дека постои опасност од повторување на делото, не се исполнети.

– Апелацискиот суд Скопје известува дека по одржана јавна седница на 15 март 2017 година, Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје на 16 март 2017 година донесе решение КСЖ-135/17, со кое жалбата на осомничениот С.К. од С., изјавена преку бранителот, адвокат Никола Додевски, е делумно уважена. Решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство, согласно член 165, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка (ЗКП). Истовремено советот одлучи дека останатите причини од член 165, ст.1, т.2 и 3 од ЗКП, поради кои била определена мерка притвор не се исполнети. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите – стои во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...