fbpx

Апелација ги одби жалбите во случајот „Титаник“ – нема притвор за Груевски

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер, Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на експремиерот Груевски, сите обвинети во случајот „Титаник“, остануваат без пасошите, одлучи Апелацискиот суд Скопје.

Информацијата ја потврдија од судот, а одлуката ќе биде објавена утре. Дел од највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ обвинети се за злосторничко здружување, злоупотреба на пари во изборна кампања и за повреда на избирачко право.

Советот кој одлучуваше по овие жалби го сочинуваа Љиљана Ивановска-Шопова, претседателка на судот, и судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ. Тие одлучија да ги одбијат жалбите на обвинетите да ги добијат пасошите назад, но ги одбија и жалбите на СЈО обвинетите за изборни нерегуларности да одат во притвор.

На ова решение на Апелацискиот суд не е предвидена жалба.

Обвинетите освен што останаа без патните исправи, имаат обврска еднаш неделно да се јавуваат кај судски службеник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...