fbpx

Апелација ги одби жалбите на Јанакиески и Божиновски за укинување на притворот

-

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по вчерашните јавни седници, денеска одлучи да ги одбие жалбите на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски на мерките притвор во траење од по 30 дена за предметот на СЈО „Титаник“.

„Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници, донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите Миле Јанакиески од Скопје и Кирил Божиновски од Скопје, изјавени преку нивните бранители ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор“, соопштуваат од Апелацискиот суд Скопје.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова вчера рече дека на 13 ноември 2018 година, Јанакиески се спремал да бега од Македонија, а истото Управата за безбедност и контраразузнавање го констатирала и за Кирил Божиновски.

Двајцата беа притворени на 14 ноември по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...