fbpx

Апел до Институтот за македонски јазик: Правописот да биде бесплатен и на интернет

-

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ и Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија упатија апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје да овозможи бесплатен пристап до „Правопис на македонскиот јазик“ во дигитална форма, како отворен образовен ресурс за сите граѓани.

Во писмото се потсетува дека минатата недела беше промовиран новиот „Правопис на македонскиот јазик“ кој сега е достапен за продажба во печатена верзија и се предлага, со оглед на тоа дека се работи за образовно средство изработено со јавни пари, тоа да биде достапно до целата јавност во дигитална форма, преку интернет, во форма на отворен образовен ресурс.

„Апелираме до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да овозможи пристап до правописот во дигитална форма бесплатно, како отворен образовен ресурс за сите граѓани на Македонија – кои како даночни обврзници веќе имаат платено за овој труд, а и луѓето од целиот свет кои се заинтересирани за правописот на македонскиот јазик“, стои во писмото .

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ има цел да влијае на подигнување на свеста и на капацитетот на академската јавност за создавање и за користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија. Спроведувач на проектот е Фондацијата „Метаморфозис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...