fbpx

Антикорупционерите ќе можат да ѕиркаат во банкарските сметки на физички и правни лица

-

Во собраниска процедура во скратена постапка влезе предлогот за измена на Законот на банки со кој треба да се им се овозможи на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата да имаат увид во банкарските сметки на физички и правни лица за кои се отворени случаи.

Предлог-законот предвидува усогласување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со одредбата од Законот за банките во делот на банкарска тајна односно да се овозможи Државната комисија за спречување на корупција да има пристап до податоците кои согласно закон претставуваат банкарска тајна.

„Предложеното изменување и дополнување на Законот за банките има за цел овозможување Државната комисија за спречување на корупцијата да има пристап до податоците со кои располагаат банките, заради водење на постапки кои се во рамките на нејзините надлежности и проверка на приливот на средствата или други уплати преку банка за политичка партија или кандидат на избори“, пишува во образложението на предлог-законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...