fbpx

„Анонимуси“ упаднаа во електронската пошта на еквадорската влада поради Асанж

-

Хакерската група „Анонимуси“ соопшти дека ја згаснала електронската пошта на еквадорската влада затоа што нивната амбасада му го исклучила интернетот на Џулијан Асанж.

– Го исклучивте интернетот, ние ќе ја прекинеме вашата комуникација – напишаа „Анонимуси“ на социјалната мрежа „Твитер“.

Амбасадата на Еквадор во Лондон му го исклучи интернетот на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, поради неговите објави за кампањата на Хилари Клинтон.

Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада од 2012 година, откако побара политички азил, а му се заканувава и испорачување во Шведска поради обвинување за силување.

https://twitter.com/AnonyInfo/status/790367948787548160

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...