fbpx

Анкета: Заев води со 24,1 отсто, Мицкоски со само 2,9 отсто, Груевски со огромен пад

-

Ако утре се одржат избори СДСМ би добил најмногу гласови односно за таа партија би гласале 25,5 проценти од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,6 проценти, покажува анкетата на телевизија „Телма“ и невладината МЦМС.

Во албанскиот политички блок води ДУИ со 7,4 процент, за Алијанса на Албанците се определиле 2,9 проценти, а за БЕСА – без разграничување кое од двете крила – се определиле 2 проценти. Високи 26,2 проценти не сакале да дадат одговор на ова прашање, а 11,8 отсто рекле дека нема да гласаат.

Убедливо најголем рејтинг има премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со 24,1 процент. Претседателот Ѓорге Иванов е втор на рејтинг листата, со 9,9 проценти и има повисок рејтинг од екс-премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој доби поддршка од 6,1 процент.

Лани во мај највисок рејтинг имаше тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со 28,5 проценти. Груевски за една година има пад на рејтингот од 22,4 проценти. Неговиот наследник во партијата Христијан Мицкоски ужива поддршка на само 2,9 проценти, што е идентичен процент со поддршката која ја ужива и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ужива поддршка од 4,1 процент.

Истражувањето покажа дека доверба на ниту еден од политичките лидери во анкетата не би им дале дури 31,3 отсто од граѓаните, а 11,5 проценти не знаат за кого би гласале.

Средната оценка за работата на премиерот Зоран Заев од граѓаните е 2,78 отсто. За најниска оценка – единица, се одлучиле 26 отсто од испитаниците, 22,2 проценти го оцениле Заев со тројка, додека 15,5 отсто со четворка. Петка добил од 15,2 проценти од анкетираните, додека 14,4 отсто го оцениле со двојка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...