fbpx

Анкета: За 51 отсто од граѓаните Законот за јазиците нема да го подобри соживотот

-

Законот за употреба на јазиците нема да го подобри соживотот во Македонија сметаат 51 отсто од граѓаните, додека 44 отсто одговориле позитивно, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Според анкетата постои голема разлика во одговорите на ова прашање во зависност од тоа за која партија гласале анкетираните граѓани. Така 77 од анкетираните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека со Законот за употреба на јазиците нема да се подобри соживотот, наспроти 39 отсто од анкетираните гласачи за СДСМ, 25 отсто од гласачите на Беса и 11 отсто од гласачите на ДУИ.

Најголеми оптимисти дека законот ќе го подобри соживотот се гласачите на ДУИ со 85 отсто, Беса со 75 отсто, додека 55 отсто од гласачите на СДСМ и само 18 отсто од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека со законот ќе се подобри соживотот во Македонија.

Од испитаниците 34 отсто сметаа дека со воведувањето на овој закон секоја етничка заедница ќе го користи само својот јазик, додека за 57 проценти од анкетираните со воведувањето на овој закон македонскиот јазик ќе се користи како заеднички јазик.

И за ова прашање граѓаните имаат различна перцепција во зависност од тоа за која партија гласале на последните избори. Така 44 отсто од оние што гласале за ВМРО-ДПМНЕ и 20 отсто од гласачите на СДСМ веруваат дека секоја етничка заедница ќе го користи само својот јазик, додека 47 отсто од анкетираните кои гласале за ДУИ и 57 отсто проценти од оние кои гласале за Беса сметаат дека македонскиот јазик сè уште ќе се користи како заеднички јазик.

Телефонската анкета е спроведена од „М Проспект“ за потребите на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на национален примерок од 1.000 испитаници во периодот од 19 до 26 јануари, оваа година, со маргина на статистичка грешка од три проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...