fbpx

Анкета: Трајановски и Шилегов најверојатно во втор круг во трката за градоначалник на Скопје

-

Изборите за градоначалник на Скопје ќе бидат неизвесни, покажа телефонска анкета што во периодот од 23 септември до 2 октомври ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници, со статистичка грешка од 2,5 отсто.

Според податоците, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ , Коце Трајановски, и на СДСМ, Петре Шилегов, е 2,5 отсто, односно мала е веројатноста дека победникот ќе се знае по првиот круг гласање.

Вкупно, 37,1 отсто од анкетираните би гласале за Шилегов, 34,6 отсто за Трајановски, 5,8 отсто за друг кандидат, додека 22,5 отсто не би гласале за ниту еден кандидат. Според етничката припадност на анкетираните, Трајановски најмногу поддршка има од Македонците, односно 42,3 отсто, додека за Шилегов би гласале 30,9 отсто Македонци. Кандидатот на СДСМ има поголема поддршка кај албанското гласачко тело, односно 58,6 отсто од Албанците би гласале за Шилегов, додека за Трајановски би гласале 4,8 отсто.

Слична е состојбата и со советничките листи за Град Скопје. Вкупно 33,8 отсто од анкетираните би гласале за советничката листа на СДСМ, 31,7 отсто својот глас би го дале за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 4 отсто од анкетираните се изјасниле за листата на советници на ДУИ, 3,7 отсто за Беса, 0,7 отсто за Алијанса за Албанците, а 2 отсто за друга советничка листа. Сепак, 24 отсто од анкетираните рекле дека нема да гласаат за ниту една листа или, пак, не дале никаков одговор.

Анкетата, исто така, покажува дека три скопски општини – Центар, Гази Баба и Карпош – би можеле да добијат градоначалник уште во првиот круг на гласање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...