fbpx

Анкета на МЦМС: Само 0,4 отсто предност на владејачката СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и се доближила на владејачката СДСМ во рејтингот, па доколку утре има парламентарни избори за СДСМ би гласале 24,4 отсто од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ само 0,4 отсто помалку односно 24 отсто, покажува анкетата на МЦМС.

За ДУИ би се одлучиле 6,9 проценти од анкетираните, за Алијанса за Албанците 2,7 отсто, за Беса 1,7 отсто, а „не знам“ односно „нема да гласам“ избрале 37,8 отсто од испитаниците.

Кај етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има мала предност 31,2 отсто наспроти СДСМ кои имаат 28,3 отсто. Владејачката СДСМ сè уште има поддршка кај 8 проценти од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од 1 отсто.

Анкетата ја спроведе агенцијата „М-проспект“ во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година и е спроведена на примерок од 1.026 испитаници постари од 18 години, а сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1 отсто со прифатливо ниво на доверба од 95 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...