fbpx

Анкета на ИРИ: Мнозинството граѓани на Македонија не се задоволни од локалните власти

-

Мнозинството граѓани на Македонија се незадоволни од нивните локални власти, покажува најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според податоците од анкетата, 51 отсто од испитаниците изјавиле дека се донекаде или многу незадоволни од работата на нивните градоначалници, додека 47 отсто искажале идентични ставови и за општинските совети.

Четириесет и шест отсто од анкетираните се изјасниле дека, исто така, се незадоволни од локалната администрација.

На прашањето колку сте расположени да гласате на претстојните локални избори 61 отсто од испитаниците рекле дека се многу расположени, 21 отсто се расположени, а пет отсто нерасположени за гласање.

Од испитаниците, 28 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, 16 отсто за СДСМ, ДУИ би го поддржале 8 отсто, БЕСА 7, Алијансата за Албанците и ДПА по 2 отсто, ГРОМ и ЛДП по 1 отсто.

Четириесет и четири отсто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат.

Доколку се одржат предвремени парламентарни избори, 59 отсто од испитаниците би биле многу расположени да гласат, 18 отсто би гласале, а 7 отсто не се расположени да гласаат.

На прашањето за влез на Македонија во Европската Унија, значително мнозинство, односно 72 отсто од испитаниците, искажале поддршка за влез на земјава во ЕУ, а 71 отсто се за членство во НАТО.

Регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Суротчак, ги повикува политичките партии да најдат начин за решавање на проблемите кои се најважни за гласачите на локално ниво.

Анкетата е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку фирмата за истражувања на пазарот „Брима“, во соработка со „Чериот ЛЛЦ“. Податоците се собрани преку интервјуа лице в лице од 4 до 12 март 2017 година. Вкупно биле спроведени 1.108 интервјуа, а истражувањето има маргина на грешка од плус или минус три проценти на среден опсег, на ниво на доверба од 95 отсто. Стапката на одѕив била 71 процент.

Истражување е овозможено со поддршка на Агенцијата на за меѓународен развој САД (УСАИД).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...